Уапсени универзитетски професори на пропалестинските протести во САД

– Најмалку двајца професори на Универзитетот „Емори“ во американската сојузна држава Џорџија беа уапсени за време на пропалестинските протести што се проширија низ американските универзитетски кампуси со барање за прекин на огнот во Појасот Газа.Неколку десетици демонстранти, меѓу кои и професорката по економија Керолин Фолин и раководителката на Катедрата за филозофија, Ноел Мекафи, беа уапсени откако беше поставен камп во кампусот во Атланта.На видеото објавено на социјалната мрежа X, Мекафи, врзана со лисици зад грб, се гледа како му вели некому: „Можете ли да се јавите во канцеларијата на Катедрата за филозофија и да им кажете дека сум уапсена?… Јас сум Ноел Мекафи, јас сум раководителката на Катедрата за филозофија“.Според снимките на социјалните мрежи, полицијата во Атланта употребила пиштол за шокирање на маж врзан со лисици на рацете за време на протестот. Полицијата, наводно, употребила гумени куршуми и солзавец за да го разбие протестот на универзитетот.Присуствувајќи на протестот, Кејт Розенблат, професорка по религија и еврејски студии во Емори, рече дека е „несовесно“ што универзитетот повикал полиција на студентите.Протестите против израелскиот напад врз Газа се проширија низ САД откако повеќе од 100 луѓе беа уапсени на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк минатата недела, кога полицијата се обиде да го „расчисти“ кампусот.Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, се соочи со свирежи и гласни скандирања од студентите во средата додека држеше говор при неговата посета на универзитетот, во кој ја повика претседателката на Универзитетот, Минуш Шафик, да поднесе оставка.Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.Оттогаш израелските сили убија повеќе од 34.300 Палестинци, главно жени и деца, а речи 77.300 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства.

Пронајдете не на следниве мрежи: