недела, 15 ноември 2026
Најново

Уапсен возач кој превезувал осум мигранти од Авганистан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полицијата уапси возач кој превезувал осум илегални мигранти на патот Гевгелија – Скопје. Според полицијата, вчера во 20:30 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на мостот на „Зуичка река“ полициски службеници забележале „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувана од С.С.(43) од Скопје.
Возилото нагло застанало и од него излегле осум непознати лица. Нешто подоцна возилото било запрено, три километри по клучката кај село Смоквица, а по пребарување на реонот биле пронајдени осум илегални мигранти од Авганистан, кои изјавиле дека се превезувале со возилото.
Тие биле приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка. Исто така, возачот на возилото бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: Makfax

Поврзани вести