Убиена Карина Гарсија, кандидатката за градоначалник во Колумбија

Кандидатката за градоначалник на југозападна Колумбија, Карина Гарсиј е убиена. Во нападот, кој наводно, го извршиле дисиденти од демобилизираната герилска група ФАРК се убиени уште пет лица,  соопшти колумбиската влада. Меѓу нив се мајката на Гарсија, тројца локални активисти и кандидат за општински одбор.
Убиството на првиот кандидат за локалните и регионалните избори во октомври се случило неколку дена откако некои истакнати поранешни членови на бунтовничката група објавиле дека повторно се вооружуваат, пренесува “Ројтерс“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.