Висок функционер на Хамас изјави за Ројтерс дека шефот на военото крило на организацијата, Из ал-Дин ал-Хадад, е убиен, еден ден откако Израел соопшти дека извршил воздушни напади врз него.
Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир, ја потврди смртта на Изат ал-Дин ал-Хадад и ѝ нареди на Јужната команда да остане во состојба на готовност поради стравувањата дека палестинската организација би можела да возврати.
Претходно, џамиите во северниот дел на Појасот Газа ја објавија смртта на командантот на бригадите Ал-Касем.
Според исказите на сведоците, „мачеништвото“ на Ел-Хадад било објавено во џамиите во Газа.
Ел-Хадад го предводеше Хамас по смртта на Мухамед Синвар во 2025 година.
Голем дел од Појасот Газа, каде што неодамна се одржаа локални избори , останува опустошен, со население раселено и сведено на секојдневниот опстанок, бидејќи израелските сили продолжуваат со нападите и покрај мировниот договор од октомври .



