Удри по селекторот на српската репрезентација – Еве што Карлеуша му порача

Јелена Карлеуша не се воздржа и веднаш даде свој коментар во врска со мечот кој бурно го следеше целиот свет вчеравечер во Русија.
Имено пејачката удри по селекторот на српската репрезентација Младен Крстајиќ на кој му порача „Така иде тоа кога наместо брутален дефанзивец, игра некое дете“.

Причината за овој статус на пејачката е поради тоа што нејзиниот сопруг Душко Тошиќ мечот го помина на клупата.
Инаку претходно пејачката вети дека ќе трча гола до Русија доколку Србија се пласира во осминафиналето на СП и го совлада Бразил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.