УЕФА ќе ги исфрли Јувентус и Барселона од ЛШ?

Јувентус и Барселона се два европски гиганти кои имаа скандали оваа сезона. Италијанскиот клуб загуби 15 бода во првенството поради финансиски измами во најтешкиот период од пандемијата на коронавирус. Но, тие бодови му се вратени со последователна судска одлука, но се уште не е сигурно дека ќе може да ги задржи.

Барселона, пак, е под истрага за наводно влијание врз судијата пред неколку години. Клубот платил 7,3 милиони евра на компанија чиј сопственик бил синот на почесниот потпретседател на судиската комисија во Шпанија, Хозе Марија Енрикез Негреира каде на крајот на март, УЕФА започна истрага.
Барселона и Јувентус следната година треба да играат во Лигата на шампионите. Тимот на Чави ќе го освои шпанското првенство, а Јувентус со вратени 15 бода речиси сигурно ќе биде во позиција да се пласира во елитното европско натпреварување. Прашање е само дали УЕФА ќе им дозволи да се натпреваруваат.
Како што е наведено во правилникот кој важи од 2007 година, екипите кои се вклучени во местење натпревари може да добијат забрана за учество во европските натпреварувања.

Доколку истрагата на УЕФА покаже дека Барселона влијаела на судењето, каталонскиот клуб ќе добие забрана за настап во Лигата на шампионите следната сезона, како и бројни други казни.
Тоа би бил тежок финансиски удар и за клубот кој пред две години беше во долгови од околу милијарда и 300 милиони евра.
Јувентус е под истрага за фалсификување финансиски извештаи од најтешките периоди на пандемијата на коронавирус.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин еднаш рече дека ова е еден од најсериозните случаи на прекршување на законите во историјата на фудбалот.

Доколку истрагата заврши пред почетокот на следната сезона во Лигата на шампионите и Јувентус биде прогласен за виновен, УЕФА може да го исфрли од натпреварувањето.
Добрата вест за Јувентус и Барселона е што ниту еден клуб се уште не е исфрлен од Лигата на шампионите. Сите кои беа во опасност се извлекоа најмногу со казни. Најблиску до исклучување беше Манчестер Сити поради непочитување на финансискиот фер-плеј.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.