Туристите во популарното грчко одморалиште Ханиоти беа изненадени од морничавата глетка што ја исфрли морето. На самиот брег беше пронајден труп од делфин со видливи, огромни каснувања кои, според многумина во коментарите, јасно личат или напад од ајкулана ајкула .
Овој настан предизвика лавина од коментари и ги потсети постарите посетители на слични средби со ајкули во овие води. Снимката беше објавена на Фејсбук групата „Грција во живо“ .
„Уловија ајкула на само 500 метри од брегот“
Еден од посетителите го сподели своето трогателно сеќавање од 1970-тите, потсетувајќи нè дека присуството на ајкули во Егејското Море не е ништо ново:
„Во 1978 година, на плажата во Аспровалта (имав 12 години), фатија ајкула на само 500 метри од брегот (иако малку помала, околу 1,5-2 метри). Ја влечеа до плажата во мрежа. Сите се собравме и гледавме… не беше многу пријатно. Се зборуваше дека пливала по некој мал рибарски чамец што ловил риби (ги чистел директно на чамецот, а утробата ја фрлал во морето рано наутро). Но, таа се свртела некаде и чекала на дневната рутина на рибарите… кои оделе на нивниот дневен риболов од Ставрос.“
Климатските промени ги менуваат правилата?
Меѓу коментарите, има и такви кои предупредуваат дека големината на предаторот може да биде многу поголема отколку што се сметаше и дека вообичаените обрасци на однесување на морските животни се промениле.
„Ова е голем залак, не од локална ајкула, туку од 3-4 метри… Шокантно е што вакви ајкули се појавуваат во септември, но поради климатските промени, сè се промени“, се вели во еден од коментарите што привлече големо внимание.
Иако нападите од ајкули се исклучително ретки во Грција, оваа глетка од Ханиоти ја подигна претпазливоста на повисоко ниво. Локалните власти сè уште не дале официјално соопштение во врска со овој случај, додека биолозите нè потсетуваат дека делфините често се цел на големи предатори во отворени води, но дека нивното појавување толку блиску до брегот секогаш предизвикува оправдана јавна загриженост.
The post Ужасна сцена на плажа во Ханиоти: Морето исфрли труп од делфин со морничави каснувања, туристите во страв од ајкули appeared first on Во Центар.



