сабота, 28 ноември 2026
Најново

Ужас во американските болници: Органите се вадат додека пациентите сè уште се живи!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во болниците низ САД има сè повеќе случаи на трансплантација што вклучуваат обиди за отстранување органи од луѓе кои се уште се живи, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“.Во последните неколку години, како што системот сè повеќе се обидува да го зголеми бројот на трансплантации, сè поголем број пациенти се соочуваат со предвремени или неуспешни обиди за вадење на нивните органи, според текстот, пренесува Танјуг.Како што пишува весникот, во Западна Вирџинија, лекарите биле шокирани кога координаторите побарале од парализиран човек, кој престанал да прима седативи додека бил во операционата сала, да даде согласност за отстранување на неговите органи.Болниците се одговорни за пациентите до нивната смрт, но некои од нив им дозволуваат на организациите за набавка на органи да влијаат врз одлуките за лекување, истакнува „Њујорк тајмс“.

Според весникот, вработените во неколку држави рекле дека виделе координатори како ги убедуваат болничките лекари да препишат морфиум, пропофол и други лекови за да ја забрзаат смртта на потенцијалните дарители .Повеќето органи доаѓаат од луѓе со потврдена мозочна смртТрансплантацијата на органи во САД е процес што вклучува операции на трансплантација што ги извршува сложен систем на болници, лекари и координатори на непрофитни организации.Повеќето органи доаѓаат од луѓе со потврдена мозочна смрт. Постои уште една форма на донација по смрт предизвикана од кардиоваскуларен застој.

Поврзани вести