Ужас во Лион – среде град експлодира бомба, тринаесетмина повредени

Тринаесет луѓе се повредени откако вчера попладнево експлодира бомба пред пекарница во францускиот град Лион. Според болничките извори , на кои се повикуваат медиумите , пациентите донесени по експлозијата на бомбата се со полесни повреди.
Експлозијата се случила околу 17:40 часот пред пекарница во улицата “,Виктор Иго” меѓу плоштадот “Белкур“ и железничката станица Лион-Перашво, во историскиот дел на градот на истокот на Франција. На местото на експлозијата веднаш пристигнале полиција и специјални единици, како и војската. Целиот тој дел на градот е целосно опколен од страна на силите на редот. Според обвинителстовото, најверојатно, станува збор за пакет- бомба.
Локалните медиуми известуваат дека во пакетот имало експлозивна направа надополнета со шајки и ситни метални делови. Пакетот на аголот на улицата пред пекарата го оставил маскиран велосипедист.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.