Повредениот малолетник паднал во близина на неговата семејна куќа, каде што го пронашле членовите на семејството
Вчера во основното училиште „Авдо Меѓеовиќ“ во населбата Селаковац во Нови Пазар се случил тежок инцидент кога ученик од осмо одделение при тепачка во училишниот двор се здобил со убодна рана. Врсник, исто така ученик од истото училиште, се нафрлил врз него и го прободел со нож во стомакот.
- Дали знаете што е „теорија на кутии“? Трендот во машко-женските односи ги запали мрежите
- (Видео) Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ, кога нема одговори за „Алта банка“, се заканува на СДСМ
- Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за напуштање на живеалиштето
- Судот во Луксембург пресуди во корист на руската компанија
- Овој чај го штити срцето: Луѓето кои го пијат редовно имаат помал ризик од сериозни болести
- Доаѓа младата месечина во Шкорпија: 9 ноември е клучен – 3 знаци очекуваат нов почеток
- Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите на мигрантите
- Никој не ѝ верува колку години има: Дури и кога ќе ја покаже својата лична карта, луѓето се шокирани
- Google се сеќава што сте правеле со години: Еве како да ги избришете сите траги од вашите пребарувања
Инцидентот се случил по завршувањето на последниот час, а ученикот со убодна рана наводно добил упатство од еден од училишните работници веднаш да си оди дома. Повредениот малолетник паднал во близина на неговата семејна куќа, каде што го пронашле членовите на семејството. Со брза реакција тој бил пренесен во болницата Новопазар каде му била укажана потребната лекарска помош.
Полицијата веднаш одговорила на повикот и извршила увид на местото на настанот. Во моментов се водат дополнителни увиди за расветлување на околностите на овој инцидент и утврдување на одговорноста. За инцидентот е информирано и надлежното обвинителство во Нови Пазар.
Еден од членовите на семејството на повредениот ученик контактирал со директорот на училиштето за да добие информации за инцидентот. Според тој член на семејството, директорот ги уверил дека се ќе се реши согласно законот.
Ова сериозно насилство меѓу учениците го потресе селото Селаковац и самото училиште Авдо Меѓеовиќ. Наставниците и родителите се вознемирени од овој инцидент и се надеваат на брзо разрешување на случајот за да се осигура безбедноста на сите ученици и вработени во училиштето.
Пронајдете не на следниве мрежи:



