Уживаат заедно на Копаоник: Цеца ја објави првата снимка со ќерката на нејзиното ново момче Богдан

Пејачката Светлана Ражнатовиќ ја обелодени својата врска со нејзиното помладо момче Богдан Срејовиќ.
Иако за медиумите не сакаше да го коментира својот приватен живот, фолк ѕвездата не крие колку е среќна и ужива во романсата.
Парот заедно ужива на Копаоник, а друштво им прави и малата Искра, ќерката на Богдан кој ја доби од бракот со Зорана Тасовац.
Цеца покажа како се согласува со ќерката на нејзиното момче. Тие се фотографии со филтери на Инстаграм, праќаа бакнежи во камерата, а во еден момент Искра ја бакна Цеца во образ.


„Цеца ретко сака да оди на Копаоник, оди само кога таму е нејзиното семејство и сака да помине со нив неколку дена. Овој пат го искористи слободното време заедно со момчето да ужива во магијата на планината. Цеца пред неколку години купи стан на Копаоник, па тие таму уживаат во прекрасните погледи. Со нив е и ќерката на Богдан, малата Искра која е воодушевена од пејачката“, вели извор.
„Цеца поминува многу време со Искра, а бидејќи и двете не сакаат скијање, уживаат во прошетки и правење на Снешко. Иако долго време нема правено Снешко бидејќи нејзината деца пораснаа, пејачката со Искра направи Снешко“, вели изворот и додава:
„Со оглед на тоа што Цеца имаше многу зимска опрама на себе и очила, никој не ја препозна. Во паузите од играње со ќерката на момчето, Цеца и Богдан се дружеа со пријателите, а пејачката своето момче ќе го запознае со блиските пријатели со кои се дружи со години“, тврди добро информиран извор за блиц.рс

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.