сабота, 28 ноември 2026
Најново

Уживајте во сонцето уште денес, од утре УХМР најавува промена на времето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Утринската темература ќе се движи од 5 до 12 степени, а дневната од 16 до 28 степени Целзиусови.
И во Скопје слично време со температура до 26 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер.

Поврзани вести