Украдени 1,2 милијарди долари во криптовалути

Криминалци украле околу 1,2 милијарди долари во криптовалути од почетокот на 2017. година до денес, велат проценките на работната група за борба против кражба на податоци, APWG.
Проценките се дел од истражувањето на таа непрофитна организација за криптовалутите и ги објавуваат како пријавените, така и непријавените кражби.


-Криминалците ги користат криптовалутите во илегални активности како трговија на дрога и перење пари, а сега забележуваме дека почнале и да ги крадат, изјави за Ројтерс претседателот на организацијата, Дејв Јеванс.


Според неговата проценка од наведените 1,2 милијарди долари вратени се само околу 20 отсто или помалку. Тој исто така смета дека Декларацијата за заштита на податоците на интернет која на 25. мај стапи во сила во Европската Унија нема ништо да промени, односно оти ќе ги спречи законодавните тела во пронаоѓање на сајбер криминалците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.