Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека Украина го прогласи Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација.
„Украина ги поддржува нациите кои ја ценат слободата и се навистина подготвени да се борат за неа. Целиот свет гледа што се случува во Иран, обемот на убиствата и колку иранскиот режим инвестирал во ширењето војна и насилство низ целиот регион и светот. Украина нема да заборави ниту еден од илјадниците беспилотни летала „Шахед“ што ги погодија нашите градови и села, нашите луѓе“, рече Зеленски.
Зеленски истакна дека оваа одлука е во согласност со потегот на Европската Унија да ја „прогласи една од главните организации на иранскиот режим за терористичка, Исламската револуционерна гарда“.
„Во Украина веќе донесовме таква одлука и ја прогласивме оваа организација за терористичка. За нас ова прашање е затворено. Сите терористи во светот заслужуваат ист третман и осуда, никој не треба да има привилегирана позиција“, рече тој.
ИРГК е воена гранка на извршната власт на Иран со огромно влијание и авторитет, која работи паралелно со редовната армија.
На 29 јануари, Европската Унија ја прогласи ИРГК за терористичка организација.
The post Украина го прогласи Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација appeared first on Во Центар.



