Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина е непријател на Унгарија бидејќи барала од Брисел Унгарија да не добива евтина руска енергија.
Орбан на митинг во Сомбател, на западот од Унгарија, рече дека Украинците мора да се откажат од своите постојани барања во Брисел да ја исклучат Унгарија од добивање евтина руска енергија, објави Hirado.hu.
„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека , доколку немаше руска нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните .
Тој посочи дека Украина не треба да стане членка на ЕУ во догледна иднина бидејќи, како што наведе, Киев претставува постојана закана од војна.
Тој, исто така, предупреди дека доколку Украина стане членка на ЕУ, тоа ќе доведе до уништување на централноевропското земјоделство и економија, бидејќи украинските производи се поевтини.
„Мораме да соработуваме со Украинците, но нема прашање за членство“, заклучи Орбан.
The post „Украина е наш непријател“ appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



