среда, 11 ноември 2026
Најново

Украина и Молдавија ги отвораат пристапните преговори со Европската Унија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европската Унија во понеделник во Луксембург ќе ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија во рамките на првиот преговарачки кластер, кој се однесува на темелните права, правосудството и владеењето на правото, соопшти претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

„Европската Унија денеска направи голем чекор напред. Сите земји членки се согласија да го отворат првиот кластер од пристапните преговори со Украина и Молдавија“, изјави Коста.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Првиот преговарачки кластер опфаќа пет поглавја: јавни набавки, статистика, правосудство и темелни права, како и правда, слобода и безбедност. Овие области се сметаат за основа на пристапниот процес и традиционално први се отвораат, а последни се затвораат во текот на преговорите.

Кластерот ги опфаќа клучните вредности врз кои е изградена Европската Унија, вклучувајќи го владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и заштитата на основните права.

Во меѓувреме, во Луксембург ќе се одржи и меѓувладина конференција со Црна Гора, на која земјата ќе ги затвори преговорите во две поглавја – слободно движење на работници и заштита на потрошувачите и здравјето.

Црна Гора останува најнапредната земја кандидат во процесот на пристапување кон Европската Унија. Досега има затворено 14 преговарачки поглавја, а властите во Подгорица најавуваат дека до крајот на годината имаат намера да ги затворат и преостанатите поглавја.

Поврзани вести