Украина ја нападна Русија со повеќе од 100 дронови, насочени кон Москва и го наруши работењето на десетина аеродроми.Се наведува дека сите четири московски аеродроми биле затворени поради напади со беспилотни летала.Освен Москва, украинските беспилотни летала нападнаа уште 13 региони, пишува Би-Би-Си , според Телеграф.Други руски градови како Пенза и Воронеж исто така беа цел на напади.Украинските напади се случуваат неколку дена пред привременото примирје што Русија го објави претходно оваа недела, а кое ќе трае од 8 до 11 мај.Примирјето се совпаѓа со парадите на Денот на победата во Русија, кои ја одбележуваат победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:



