Украински дрон директно погоди една од најголемите руски рафинерии

Украинците со дрон нападнаа една од најголемите руски рафинерии – со тоа продолжуваат со нападите врз економијата на оваа земја.Аматерските снимки покажуваат како беспилотното летало UJ-22 се приближува до рафинеријата Нижњокамск – лоцирана во регионот Татарстан.Нападот беше извршен истиот ден кога беспилотните летала со долг дострел погодија фабрика исто така во Татарстан – каде што се произведуваат дронови-камикази Шахед за војската на Владимир Путин.Со овие напади врз руските нафтени рафинерии, тие имаат за цел да ја ослабат руската економија и со тоа да ги намалат приходите од продадената нафта што ја спонзорира војната во Украина.Нападите со беспилотни летала врз руските рафинерии станаа секојдневие, а Украинците ветија дека нема да престанат додека Владимир Путин не ја повлече својата војска од украинска територија. 

Пронајдете не на следниве мрежи: