Украинците го бомбардираа тренинг центарот на Русите, го погодија со американскиот ракетен систем АТАКМС

Украинците го искористија американскиот ракетен систем ATACMS за да погодат центар за обука на руската армија.На снимката од дронот се гледа како четири проектили успешно погодуваат во близина на градот Можњакивка, пренесува Телеграфи.Првата ракета веројатно не ни експлодирала и од земјата излегувал само црн чад, но другите три создале широк радиус на експлозија.Врз основа на објавените слики, аналитичарите сметаат дека Русите претрпеле големи загуби во воениот персонал, но и во воените машини во овој центар за обука.Видеото беше објавено неколку дена откако САД објавија дека испраќаат ракетни системи со долг дострел ATACMS во Украина – кои Киев тврди дека веќе ги користел во два тајни напади.Ова е првпат визуелно да биде потврден напад на ATACMS откако оружјето за првпат им беше доставено на Украинците кон крајот на минатата година.Украинците ги користеа овие проектили за да ги нападнат руските воздушни бази, но брзо останаа без гранати.А неодамна, САД одобрија уште еден пакет воена помош за Украина, вреден 62 милијарди долари. 

Пронајдете не на следниве мрежи: