Украинците тврдат дека собориле десет руски дронови

Русија синоќа ја нападна Украина со 13 беспилотни летала Шахед, од кои 10 беа соборени над регионите Киев, Суми и Харков, изјави Микола Олешчук, командант на украинските воздухопловни сили.

„Во одбивањето на нападите беа ангажирани противвоздушни ракетни единици, мобилни противпожарни групи, опрема за електронско војување“, рече Олешчук.

Пронајдете не на следниве мрежи: