Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, најави дека низ улицата „Димитрија Чуповски“ денеска се предвидени низа активности за посетителите.
Драги пријатели,
денеска после 18ч. улицата Димитрија Чуповски (кај Рекорд) ќе биде затворена за коли и автобуси, а отворена за пешаци и велосипедисти. Дојдете заедно да го почувствуваме отворениот простор за да видиме како ќе изгледа Малиот Ринг во иднина ослободен од моторизиран сообраќај! Донесете ги и своите деца, ќе има многу забавни содржини за нив и за возрасните!