Умре последниот жив учесник во неуспешниот атентат врз Хитлер

Евалд Хајнрих фон Клајст, последниот жив учесник во неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер во 1944 година, почина минатата недела во 91 година, пишува во среда весникот „Велт”.

Фон Клајст починал минатиот петок, наведува весникот, повикувајќи се на неговото семејство.
Офицерите на Вермахтот, меѓу кои и грофот Клаус Шенк фон Штауфенберг, се обиделе на 20 јули 1944 година да го убијат Хитлер во Растенбург, денешна Полска, за да го соборат неговиот режим и да се обидат да преговараат со Западот пред налетот со Црвената армија.
Фон Клајст, кој тогаш имал 22 години, за атентатот лично го регрутирал Фон Штауфенберг. Во нападот се убиени четири лица и речиси сите присутни се ранети, но Хитлер бил полесно повреден.
Фон Штауфенберг е уапсен и погубен половина час по полноќ. Фон Клајст е испратен во затвор во Берлин, а потоа во концентрациониот логор Равенсбрик.
Макфакс
Евалд Хајнрих фон Клајст, последниот жив учесник во неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер во 19

Пронајдете не на следниве мрежи: