Универзална сала ќе почне да се реновира кон крајот на годинава 

Универзална сала ќе почне да се реновира кој крајот на година, објави САКАМДАКАЖАМ.мк. Град Скопје доби пари од Владата да отпочне постапката за реконструкцијата на концертната сала, 14 месеци по потпишувањето на договорот за финансирање меѓу градоначалникот Петре Шилегов и тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски. На последната владина седница беше донесена одлука од програмата на Министерството за култура за капитални инвестиции во општините, на Град Скопје да му бидат префрлени пола милион евра за отпочнување на постапката, а пари за оваа намена Владата ќе одвојува и во текот на наредните години, според динамиката на градење.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека до крајот на годинава треба да бидат завршени сите постапки за избор на изведувач и да почнат подготвителните градежни работи.
Во финална фаза е изработката на проектот за новиот изглед на Универзална сала. Штом биде готов ќе и биде презентиран на јавноста, но дефинитивно нема да биде проектот кој предвидуваше да биде во форма на јајце. За мене е важно што успеавме концертната сала да ја внесеме во капиталните инвестиции на државата за културните објекти, што значи ќе биде предмет на финансирање и во наредните години. Очекувам во текот на оваа година да започнеме со подготвителните градежни работи, со цел во наредните две години да можеме да ја реализираме и пуштиме во употреба, вели градоначалникот Шилегов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.