четврток, 12 ноември 2026
Најново

УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Над 10.000 деца во градот Газа имаат потреба од лекување од акутна неухранетост, соопшти УНИЦЕФ, пренсен од „Тајмс оф Израел“.

-Масовното раселување на семејствата од градот Газа претставува смртоносна закана за најранливите, рече Тес Инграм, портпаролка на УНИЦЕФ во хуманитарната зона Ал-Маваси во јужна Газа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во телевизиски брифинг во ОН во Женева, Инграм предупреди за влошување на стапките на неухранетост кај децата.

-Проценуваме дека во моментов 26.000 деца во Појасот Газа имаат потреба од лекување од акутна неухранетост, вклучувајќи повеќе од 10.000 само во градот Газа, рече таа.

Таа објасни дека во минатиот месец повеќе од едно од осум деца прегледани во Појасот Газа имале акутна неухранетост, што според неа е „највисокото досега забележано ниво“.

„Тајмс оф Израел“ објави дека во градот Газа тој сооднос бил едно од пет деца.

Центрите за храна во градот Газа „беа принудени да се затворат оваа недела поради наредбите за евакуација и воената ескалација“, додаде Инграм.

Израел ги оспорува тврдењата за глад во Појасот Газа, а израелските вооружени сили велат дека оние што се евакуираат на југ кон областа Ал-Маваси вио неа ќе најдат храна, шатори и лекови.

Поврзани вести