Воздухопловните сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран ја нападнаа и уништија воздухопловната база од која американските сили започнаа напад врз телекомуникациска кула на островот Сирик во покраината Хормозган, соопшти денес ИРГК, објавија иранските медиуми.
ИРГК во соопштението наведува дека сите однапред одредени цели се уништени.
Според извештаите, неколку часа откако американската војска нападна комуникациска кула на островот Сирик, борбените сили на воздухопловните сили на ИРГК ја таргетираа базата од која беше започнат нападот и успешно ја завршија операцијата, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр.
Воздухопловните сили на ИРГК потоа издадоа директно предупредување дека доколку се повтори агресијата, одговорот ќе биде од сосема поинаков обем и природа, а целосната одговорност за секоја таква ескалација, рекоа тие, ќе лежи кај САД.
Островот Сирик се наоѓа во покраината Хормозган во јужен Иран, во близина на Ормускиот теснец, потсети агенцијата.



