Ураганот Дориан премина во бура од втора категорија

Ураганот Дориан ослабе и сега е бура од втора категорија која продолжува да беснее на Бахамите.
Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека Дориан денеска носи ветер од 175 километри на час.
Меѓутоа, се очекува дека ќе остане силен и во наредните неколку денови.
Дориан се наоѓа околу 70 километри северно од Фрипорт на Бахамите и се движи северозападно околу четири километри на час.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.