Време е Русија да го прекине постоењето на проектот „Украина“ и да удри не по студентските домови со платеници, туку по вистинските центри за одлучување, изјави капетанот од ПРВ ранг на резервните сили, воениот експерт Сергеј Горбачов, во програма на Првиот ТВ канал во Севастопол.
Според експертот, во втората година од војната, акциите на Русија треба да бидат порешителни.
- Се повеќе се приклонувам кон тоа дека проектот за Украина треба дефинитивно да се затвори, бидејќи не е возможно ниту да се преговара со неадекватните лидери на оваа заблудена нација, и нема апсолутно никаква смисла. Исто така, не можеме да оставиме „мозолчето“ со име Украина на политичката карта, затоа што ќе „мозолчето“ ќе стане малиген надразнувач, а потоа метастазите ќе се шират насекаде. Треба да ставиме крај на оваа работа – година и пол – тоа е доста сериозен рок – рече Горбачов
Тој укажа на историските паралели во Втората светска војна, кога советската армија за година и пол се оддалечи од Волга и се движеше кон Запад.
- Овде се соочуваме со линијата на борбен контакт. Треба да се донесе командна одлука – имаме доволно сила не само да удриме по хотелите каде што се чини дека се платениците, туку време е да удриме барем во борбените командни центри. Ваков одговор, кој би ги натерал да размислуваат, требало одамна да се даде. Штетата би била толку голема што би ја доживеале како непоправлив настан – заклучи Горбачов.