Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави добриот напредок постигнат во мировните преговори за Украина.
Нејзината изјава уследи по едночасовен телефонски разговор во кој таа учествуваше заедно со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп, Володимир Зеленски и други европски лидери.
„Постигнат е добар напредок, што го поздравивме. Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и нашите американски партнери со цел да се консолидира овој напредок“, рече фон дер Лајен.
Како клучен услов за понатамошни чекори, таа изјави дека е најважно да има цврсти безбедносни гаранции од првиот ден.
Претходно вечерва, Трамп се сретна со Зеленски во неговата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида.
Ова е четврта средба меѓу Трамп и Зеленски и прва во Флорида.
The post Урсула фон дер Лајен оптимист: „Постигнат е добар напредок во преговорите за Украина“ appeared first on Во Центар.



