Американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека САД, по шестнеделен преглед, официјално затвораат 83 отсто од програмите на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), бидејќи трошеле десетици милијарди долари на цели кои не се во согласност со интересите на САД.
– По шест недели анализа затвораме 83 отсто од програмите на УСАИД. „Вкупно 5.200 договори кои сега се раскинати, потрошиле десетици милијарди долари на начини кои не им служеле, а понекогаш дури и им наштетиле на клучните национални интереси на САД“, напиша Рубио на социјалната мрежа Х.
Според него, преостанатите програми – околу 1.000 од нив – сега ќе се спроведуваат поефикасно под надзор на Стејт департментот.
Иницијативата на Маск за затворање на УСАИД
Претходно беше објавено дека американското Министерство за ефикасност на владата (DOGE), на чело со милијардерот Илон Маск, е фокусирано на укинување на УСАИД. На 2 февруари Маск ја нарече агенцијата „криминална организација“ и рече дека е „време таа да исчезне“.
Во посебен пост на X, Маск дополнително ја обвини УСАИД, нарекувајќи ја „змиско дувло на радикалните левичарски марксисти кои ја мразат Америка“.
Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи државниот секретар Марко Рубио за вршител на должноста директор на УСАИД, по што го информираше Конгресот за прегледот на странската помош што ја дистрибуира агенцијата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



