Членот од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски кој ја тепаше сопругата доби условна казна. Тој на денешното рочиште признал вина.
– На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи условна осуда – казна затвор во траење од 1.6 години доколку во наредните 3 години стори друго кривично дело, соопшти Кривичниот суд.
Обезбедувачот беше дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, а тој самиот изјави дека жената била ќерка на негов колега од факултет.
– Тој е втор случај за лице од моето обезбедување каде што законот важи за сите, за разлика од минатото кога членови на обезбедувањето на претседателот тепаа граѓани, се изживуваа по дискотеки и минуваа неказнети. Недициплина јас не толерирам, не само во рамки на моето обезбедување. Инаку за волја на вистината, тој е припадник на претходницата која не ја гледам јас така често, а сопругата е ќерка на мој колега од факултет, изјави Мицкоски на 5 мај.
The post Условна казна за обезбедувачот на Мицкоски кој ја тепаше сопругата appeared first on Provereno.



