четврток, 12 ноември 2026
Најново

Успешен настап на каратистите на Балканското првенство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изминатиот викенд во Крагуевац се одржа досега најмасовното Балканско првенство во карате за деца , кадети, јуниори и постари јуниори У- 21.На ова првенство карате клубот Макпетрол учествуваше со 16 спортисти, кои освоија еден сребрен и четири бронзени медали.Селена Таушанова (-54) во кадетска конкуренција избори пласман во финалето и го освои сребрениот медал. Бронзени медали во У 21 освоија Симона Заборска (-60) и Симон Антиќ (+84). Моника Пендаровска (-47) во кадетска конкуренција освои бронза исто како и Игор Таневски но во конкуренција на јуниори.На Балканското првенство учество зедоа 14 земји (Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Романија, и Кипар) со преку 1.500 спортисти.
Макфакс Изминатиот викенд во Крагуевац се одржа досега најмасовното Балканско првенство во карате за деца , кадети, јуниори и

Поврзани вести