Устав на ТМОРО

Глава I, Цел, Член 1
Тајната Македоно – Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.
Член 2
За постигање на таа цел Организацијата се бори да ги премавне шовинистичките пропаганди и национални расправии, кои го цепат и ослабуваат македонското и одринското население во неговата борба против општиот непријател. Дејствува за внесување револуционерен дух и сознание меѓу населението и ги употребува сите средства и напори за поскорешно и своевремено вооружување на населението со се жто е неопходно за едно општо и насекаде присутно востание.
Глава II
Состав и устројство
Член 3
Тајната македонско-одринска револуционерна организација се состои од месни револуционерни организации (дружини), составени од членовите на секоја одделна месност (град или село).
Член 4
Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното ослободително дело.
Член 5
Секоја месна организација се раководи и управува од свој местен комитет (управно тело). Комитетите се делат на селски, околиски и окружни.
Член 6
Секоја месна организација се дели на групи со по еден началник (десетник).
Член 7
Селските комитети им се потчинети на околиските, околиските на окружните, а целата организација се раководи и управува од Централниот таен револуционерен македонско-одрински комитет.
Член 8
Селските комитети (управни тела) се избираат од членовите на месните организации и се потврдуваат од околиските комитети (управни тела); последните се раководат од членовите на околиските центри и се потврдуваат од окружните со согласност на Цент. комитет; а окружните се назначуваат направо од последниот. Во извонредни случаи ЦК има право да го довери раководењето на работите во окрузите и околиите во рацете на едно од него избрано внатрешно или ополномоштено надворешно лице.
Член 9
Членовите на Централниот комитет се избираат секоја година од околиските и окружните комитети по спогодба. Изборот станува по начин каков што околностите го диктираат. Местото и времето на избирањето се определува од ЦК.
Член 10
При изборот на ЦК се определува местото на седиштето, кое што ќе им биде познато само на окружните и околиските комитети.
Член 11
Секој околиски револуционерен реон си има своја чета, задачата на која се определува во специјален правилник.
Член 12
Секој член од комитетот носи псевдоним, кој му е даден од Центр. комитет.
Член 13
ТЦМОРК има печат со амблем, знаме, сабји, пушки и бомба и со натпис: Македонско-одрински централен рвволуционерен комитет. Големината и особените знаци се определуваат од Центр. комитет и им се соопштуваат на окружните и околиските комитети со специјална окружница.
Член 14
За поврзување со околните комитети секој окружен, околиски и селски комитет си има своја тајна пошта.
Член 15
За следење на работата на надворешните и внатрешните непријатели и за претпазливост од нив, секој комитет си има своја тајна полиција.
Глава III
Материјални средства на револуционерната организација
Член 17
ТРО ќе се снабдува со пари: 1) од доброволни прилози; 2) од редовните членски влогови и 3) од пари, собрани на начин каков што ЦМОРК ќе го најде за уместен, или пак месниот со претходна согласност на Централниот.
Глава IV
Казни
Член 18
Секој што ќе згреши во штета на делото, бил тој работник или не, се казнува. Казната му се определува од месниот комитет и се извршува со согласност на Централниот.
Член 19
Врз основа на овој устав е изработен подробен внатрешен правилник.
Извор: Устав на ТМОРО

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.