Утре автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред

По повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, утре автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Како што соопшти ЈСП „Скопје”, истиот режим ќе важи и в сабота и в недела.
В петок дежурни ќе бидат три билетарници, Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 часот, Зелено пазарче од 7 од 19.30 часот и Ѓорче Петров од 7 до 13 часот. Билетарниците в сабота ќе работат со вообичаено работно време, а в недела дежурни ќе бидат посочените три билетарници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.