сабота, 28 ноември 2026
Најново

Утре без струја ќе останат делови од неколку скопски општини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од село Арачиново, од општина Илинден, од селата Јурумлери и Стајковци во општина Гази Баба и дел од корисниците од општините Центар, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, во периодот од 4:00 до 6:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Арачиново, општина Арачиново, објектите на Суташ, Белимбегово и Белви, корисниците од населените места Илинден и Бела Земја, општина Илинден, како и корисниците од селата Јурумлери и Стајковци, општина Гази Баба.
Во периодот од 8:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. „Наум Наумовски Борче” бр.72 и ул. „Орце Николов” бр.93 и бр.95., општина Центар ќе останат без електрична енергија, а од 8:30 до 15:00 часот, корисниците од улица Христо Чернопеев, како и корисниците од околните улички во општина Кисела Вода.
Корисниците од ул. „Востаничка” бр. 59, општина Кисела Вода и пумпите за водовод во село Волково, општина Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија во периодот од 9:00 до 11:00 часот. Од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. „Теодосиј Синаитски” од број 1 до 7 во општина Карпош, како и од 11.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. „Петар Дељан” бр. 2 во општина Кисела Вода.
Без струја во периодот од 12:30 до 15:00 часот ќе бидат објектот на дирекцијата Бетон, како и корисниците од ул. „Јуриј Гагарин” бр.17 влез 1 и Васил Ѓоргов бр. 26 и бр .47 – Центар за рехабилитација во општина Карпош, соопшти Центарот за управување со кризи.

Поврзани вести