четврток, 12 ноември 2026
Најново

Утре без струја ќе останат овие скопски општини

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Чучер Сандево, Сарај, Бутел, Зелениково и Студеничани.
Како што соопшти РЦУК Скопје, утре без струја од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од село Бразда, Општина Чучер Сандево, од 12:00 до 14:00 дел од село Матка – објектите до хидроелектраната, Општина Сарај, од 9:00 до 11:00 часот дел од село Горно Оризари, Општина Бутел и од 9:00 до 15:00 часот села и населени места во Општина Зелениково, викенд населба Јане Сандански и село Моране во општините Зелениково и Студеничани.

Поврзани вести