Утре избегнувајте да излезете од дома: Многу топло време, вредноста на УВ-индексот 9

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец, информира УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 31 до 39 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува 9.


Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северозапеден правец. Температурата ќе се движи од 18 до 37 степени.
Во првите два дена од наредната седмица сè уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе допринесе да има опаѓање на температурата за 7 до 9 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.