Утре неработен ден, а наскоро уште еден

Илинден, 2 август, утрешниот ден е неработен.
Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Денот на независноста на 8. септември и Св. Климент Охридски на 8. декември.
Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година:
За сите граѓани на РМ


• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.