Утре сообраќајот наместо по овој булевар ќе биде пренасочен по околната улична мрежа

Од Град Скопје информираат дека утре од 7 часот изутрина целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот “Христијан Тодоровски – Карпош“, на потегот од улицата “Ферид Бајрам“ до улицата “Боца Иванова“ поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.
Сообраќајот на оваа делница додека траат градежните активности ќе го регулираат униформирани полициски службеници или други овластени службени лица.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, се вели во соопштението од Град Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.