Утре ќе имаме нови цени на горивата

Утре ќе имаме нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе стартуваа од полноќ. Цените на нафтените деривати минатата недела се зголемија во просек за 8,50 отсто.

Бензинот еурсуперот 95 се зголеми за три денари за литар и изнесуваше 57,50 денари, додека на бензинот еуросуперот 98, на еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за 2,50 денари за литар. Еуросуперот 98 уште денеск чини 59,50 денари, еуродизелот чини 49,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари.

На светските берзи цената на нафтата расне. Така што за очекување е и кај нас да порасне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.