Утринска рутина: 3 совети за како секое утро да имате повеќе енергија

Наутро не можете да го напуштите креветот и го мразите буквално целиот свет со самата помисла дека треба рано наутро да заминете на работа или да извршувате други обврски. Но, сето тоа може да се промени со само неколку чекори.
Деновите изгледаат како да се многу долги кога мудро ги користите своите утриснки часови, особено за викендот кога ќе успеете да ги извршите сите обврски кои ги имате нa Вашата “to do” листа. Вашето расположение во текот на денот, став и начин на кој работите зависи од тоа како спиете и како се будите. Подобрете го првиот час на работа и будете се повеќе продуктивни практикувајќи ги овие чекори.


Обидете се да не го исклучувате алармот и да се вратите на спиење уште десет минути. Наместо тоа, станете, испиете го првото кафе или чај, вежбајте. Ќе имате многу повеќе енергија, која ќе Ви овозможи можност да ги искористите сите важни први часови во денот. Добриот психолошки трик за мотивација е правило од 5 секунди. После исклучувањето на алармот, одбројувајте од пет до еден. Кога ќе дојдете до еден станете од кревет без да размислите.
Да, сите знаеме дека она што го јадеме има големо влијание на тоа како се чувствуваме и на енергетско ниво. Високото ниво на рафинирани јаглени хидрати и шеќери можат да Ве доведат до константно чувство на замор така што обидете се да ја одбегнувате обработената храна и шеќер. Една од изненадувачките нуспојави ќе биде лесното будење наутро, помалку замор во текот на денот и поголемо чувство за продуктивност на работа. Чувството на трепет ќе исчезне.


Едно од најлошите чувства е местењето на алармот за наутро и кога апликацијата ќе Ви покаже колку часа имате додека да се разбудите. Хорор. Тој број на часови е секогаш малку така што ќе одите на спиење со лоша волја, а и така ќе се будите. Трикот кој можете да го користите за да си овозможите вистински ноќен одмор е броењето на Вашите циклуси отколку броењето на часови. Според експертите би требало да имате 5 до 6 циклуси за спиење, без оглед на тоа колку часови спиете. Секако постои апликација која може да Ви помогне во тоа – Sleep Cycle Alarm Clock

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.