Утринските температури во цела држава под нула, еве каде е најстудено

Во целата држава утринава се измерени температури под нулата, освен во Гевгелија каде температурата е два степена над нулата.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено е во Битола каде се измерени -13 степени по што следуваат Крушево со -11 и Берово, Претор и Дебар со -9 степени. Во Тетово, Охрид, Прилеп и Пожаране утринската температура е -8, во Ѓуриште -7, во Крива Паланка и Виница -6, во Струмица и Куманово -4 и во Скопје на Зајчев Рид, во Штип и во Демир Капија -2 степена.
Најмногу снег има наврнато во Битола 28 сантиметри. Во Крушево висината на снежната покривка изнесува 13 сантиметри, во Охрид 12 сантиметри, а во Берово, Дебар и Претор седум сантиметри. Во Петровец кај Скопје се наврнати шест сантиметри, во Тетово – пет, во Крива Паланка, Штип, Прилеп и Пожаране -три, во Струмица два и на Зајчев Рид во Скопје, во Куманово и Демир Капија само еден сантиметар.
За денеска синоптичарите најавуваат сончево и студено време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до три степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.