Утрово демолирани шест возила на УБК на паркингот пред МТВ

Како што објави “Нетпрес“ шест службени возила во сопственост на УБК, утрово се демолирани на паркингот пред МТВ, односно искршени им биле ветробранските стакла. Oсвен што е причинета материјална штета, од возилата не било одземено ништо, a oд Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.
Од МВР известуваат дека денес во 08:05 часот е пријавено дека на паркингот кај МТВ се искршени стакла на шест возила, сопственост на УБК и едно возило сопственост на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
На истиот паркинг, нормално, имало паркирани и други автомобили, но кај нив нема никакви оштетувања.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.