Утрово земјотрес стресе дел од Македонија

Жителите на охридско-струшкиот регион рано утринава почувствуваа слаб земјотрес. Телеметриската сеизмолошка мрежа регистрираше потрес со јачина од 2.10 степени според Рихтеровата скала.

​Според податоците од апликациите за следење на земјотреси, потресот се случил во 04:00 часот наутро, на 2 јануари 2026 година.

Епицентарот е лоциран во близина на Подмолје, помеѓу Охрид и Струга на длабочина од 15 километри.

Со оглед на малата магнитуда, земјотресот бил почувствуван слабо само од дел од населението во околината.

Пронајдете не на следниве мрежи: