Утрово колона возила на граничниот премин „Богородица“- за влез во Грција се чека и по еден час!

Македонците споениот викенд по повод денешниот празник „Св. Кирил и Методиј“ го искористија за одмор во соседна Грција.
Во моментов на граничниот премин „Богородица“ на македонска страна има голема колона на возила кои чекаат влез во Грција.


Според информациите на КУРИР на македонската граница се чека дури и по 40, па се до 50-тина минути, што е неполн час.
Најголемиот број на возила се со македонски регистарски таблички, додека има и патници од другите соседни земји.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.