Утрово најстудено во Битола, попладне снег

Изутринава температури под нулата има секаде низ Македонија. Најстудено е во Битола каде што се измерени – 18 степени, во Тетово -16, во Прилеп -15, а во Скопје -12.
Најмногу снег има во Маврово 70 см, во Крушево 36 см, а на Попова Шапка 30 см.
За денес синоптичарите најавуваат претежно облачно време. Околу пладне и попладне се очекуваат повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови со слаб до умерен интензитет. Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува.
Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.
Во Скопје облачно, од пладне со повремен слаб снег. Кон крајот на денот ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -2 степена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.