Утрово сончево и топло, попладне дожд и грмежи- еве какво време не очекува во наредните денови и за време на викендот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во попладневните часови во крајниот југ и југоисток од земјава ќе има локален дожд и ретка појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.


Во следните два дена ќе има зголемена облачност, а во крајните јужни и југоисточни делови ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува и умерен северен ветер, што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.