Уф, колку ми е ќеиф, како победивме среде Словенија! Децата имаат срце планина

Никола Ѓорѓиев, капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, повторно беше лидер и во мечот против Словенија, во херојската победа, заврши како најдобар поентер:
„Уф, колку ми е кеф, како победивме среде Словенија. Изгубивме финале од нив во Европска лига, а ми беше потешко што водевме со 1-2 со мечевите со нив претходно, а губевме. Сега, се ни се врати. Децата имаат срце планина. Видовте Љафтов каков сервис имаше, како играше Милев, каква одбрана имавме. Знаев дека како одминува турнирот, така ќе бидеме подобри. Местото ни е со кремот на одбојката во Европа, се надевам дека ќе бидеме таму, меѓу најдобрите 16 репрезентации. Го одигравме ментално најзрелиот меч“, изјави Ѓорѓиев по мечот.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK