четврток, 26 ноември 2026
Најново

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и град

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Под влијание на циклонска активност времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), електрични празнења, силен ветер и појава на град, информираше УХМР.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота и во понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Утринските температури ќе се спуштат до 9 степени, додека дневните ќе се искачат до 35 степени.

Поврзани вести