УХМР со прогноза за наредните денови- ќе престанат ли грмежите и поројниот дожд?

Управата за хидрометеролошки работи за денес најавува слично време како вчера- претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град, а ќе дува и умерен ветер од североисточен правец.


Во следните денови според УХМР ќе следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.