Наставници и родители на социјалните мрежи споделуваат фотографии од стари учебници кои ги добиле нивните деца. Исто така се споделуваат информации дека учебници за сите одделенија нема, а нема ниту во средните училишта.



На социјалните мрежи негодуваат и родителите, но и наставниците.


Претходно и министерката Весна Јаневска и премиерот Мицкоски во неколку наврати нагласија дека учебници има и дека се доставени до сите училишта, а исто така додадоа дека се работи за нови учебници.
Според информации од читатели на Инфомакс, учебници нема во прво, второ, трето и седно одделение. Во петто и шесто одделение делумно се доставени, осмо одделение се уште нема учебници, деветто има, меѓутоа стари, додека во средно се уште ништо не е поделено.



